Куче нападна малолетник во Скопје

0
44

Малолетник бил каснат од куче скитник во текот на вчерашниот ден

-На 24.05.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, соопшти МВР.

Скопјани долго време имаат проблеми со уличните кучиња, иако ЈП „Лајка“ организираше неколку акции за заловување на кучиња.