Макрон: Приштина е одговорна за немирите во Косово

0
125

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди на „одговорноста на косовските власти“ за влошувањето на ситуацијата во Косово.

Според него, очигледно е дека постои одговорност на косовските власти во сегашната ситуација и дека Договорот кој беше важен и беше потпишан пред само неколку недели не се почитува.

Лидерот на опозицијата Рамуш Харадинај од „Алијансата за иднината на Косово“ побара оставка од премиерот Албин Курти, објави КосоваПрес, повикувајќи се на објава на Харадинај на Фејсбук.