Млад човек од Словачка прегазен од автомобил во Скопје, тешко е повреден

0
24

33-годишен словачки државјанин вчеравечер бил тешко повреден кога го удрил автомобил управуван од една година постар скопјанец, соопшти полицијата.

„На 14.05.2023 во 20,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „ВМРО“ во Скопје, патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(34) од Скопје, удрило во С.П.(33) од Словачка. Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ се здобил пешакот С.П.“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје

.