Мотоциклист удри во пешак, двајцата со повреди завршија на Клинички

0
21

Вчера околу 09.35 часот во Скопје, на улицата „Св. Кирил иМетодиј“ мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 40-годишниот Б.Т. од Скопје удрил во пешак, 30-годишниот К.М. од Скопје, извести МВР.

Во несреќата К.М. се здобил со тешки телесни повреди, а Б.Т. со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.