Навивачи на Барселона скандираа „Винисиус, умри“ (Видео)

0
75

Титулата Барселона ја потврди со победата за викендот против Еспањол, Реал Мадрид остана на недостижни 14 бодови на втората позиција. По освојувањето на титулата низ улиците на Барселона следуваше големо славје.

Во текот на вчерашниот ден машкиот и женскиот тим на Барселона кој исто така ја освои титулата во шпанското првенство се возеа со автобус низ преполните улици на градот. Околу автобусот се собраа навивачи кои ги пречекаа своите херои и ги поздравија со песни и аплаузи.

Но, на прославата беше забележано и срамно скандирање кон фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. На социјалните мрежи се појави видео на кое се скандира „Винисиус умри“.

 

https://t.co/e8WX7eXhpF