Нови три случаи на каснување од куче

0
41

На 20.05.2023 во 23.55 часот во СВР Струмица, В.Р.(67) од Струмица пријавил дека на ул.„5 Ноември“ во Струмица бил каснат од куче скитник.

На 20.05.2023 во 22.00 часот во Полициската станица Чаир, С.М.(58) од Радишани, скопско, пријавила дека на ул.„8“ во Радишани била касната од куче скитник.

На 20.05.2023 во 13.44 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.М.(73) од с.Ново Село, општина Ѓорче Петров, пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.