Паника во центарот на Белград: Во парк полн со деца маж симулирал дека пука во нив

0
44

Белградската полиција вчера го уапсила П.М. (31) поради насилничко однесување, пишува „Телеграф.рс“.

Според објавените информации тој синоќа дошол во парк полн со деца. Во еден момент почнал да симулира пукање во децата кои си играле таму, а потоа му пришол на еден човек кој бил присутен таму, и му удрил неколку шлаканици.

Полицијата кај уапсениот П.М. не нашла оружје.

По наредба на основното јавно обвинителство во Белград, во полиција му е одреден притвор до 48 часа, пишуваат српските медиуми.