Папата Франциско ги повика Унгарците да ги „отворат вратите“ за мигрантите

0
17

Говорејќи на мисата на отворено во главниот град Будимпешта, понтифот рече дека е „тажно и болно“ да се видат вратите затворени за луѓе кои се различни од нас.

На мисата присуствуваа до 100.000 луѓе, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан.Премиерот на Унгарија ја критикуваше миграцијата, градејќи гранична ограда од бодликава жица за да ги спречи мигрантите да преминат во Унгарија.

Обраќајќи им се на толпата во неделата во близина на зградата на унгарскиот парламент, папата Франциско ги повика сите – вклучително и „оние со политички и општествени одговорности“ – да бидат поотворени.

Тој зборуваше за нашата себичност во однос на другите особено кон мигрантите или сиромашните.

Извор Канал5