Пензионер од штипско бендисал 20 години помлада жена, ја заклучил дома и барал да му стане сопруга

0
17

„На 23.05.2023 во 21.40 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.Н.(69) од с.Лакавица-штипско поради претходна пријава од 48 годишна жена дека на 19.05.2023 околу 14.00 часот тој противправно ја држел во својот дом инсистирајќи да му стане сопруга. Откако избегала, таа го пријавила случајот во полициска станица“, пишува во полицискиот билтен.

Л.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.