Потрагата по две киднапирани тинејџерки во САД заврши со пронаоѓање на седум тела

0
19

Вчера попладне, полицијата пронајде седум тела, меѓу кои и оние на исчезнатите малолетници, на приватен имот на маж кој се водеше истрага за исчезнувањето на две тинејџерки. Телата се пронајдени на имот во градот Хенриета, Оклахома, пишува CNN.

Властите во понеделникот издадоа предупредување за исчезната или опасност по живот за 14-годишната Ајви Вебстер и 16-годишната Британи Бруер, а го споменаа и Џеси Л. Мекфејден (39), регистриран сексуален престапник. Тинејџерките последен пат биле видени вчера рано наутро во Хенриета, а властите рекоа дека можеби биле во возилото со Мекфејден.

Шерифот на округот Окмулџи, Еди Рајс, изјави дека засега нема официјални резултати од идентификацијата на седумте пронајдени тела, но оти верува дека меѓу нив има исчезнатите тинејџерки.

Тој додаде дека нивните семејства се информирани за развојот на настаните.

Седум тела се пронајдени на имотот во кој живеел Мекфејден. Тие не биле пронајдени во неговата куќа, туку на имотот.