САД: Ја осудуваме акцијата на косовската полиција, насилните мерки веднаш да запрат

0
39

„Соединетите Американски Држави ја осудуваат акцијата на косовските власти за пристап до општинските згради на северот на Косово. Денешните насилни мерки треба веднаш да запрат“, напиша на Твитер американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер.

Припадници на косовската полиција денеска ги опколија зградите на општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се огласија сирените.