Српскиот министер за одбрана: Армијата е распоредена кон административната линијa

0
47

Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ за РТС, по повод подигнувањето на борбената готовност на вооружените сили на Србија, изјави дека вооружените сили се распоредени на позиции кон административната линија. Србија ќе најде соодветен одговор, пред се политички, а не исклучувам друг одговор што ќе биде адекватен на опасноста, рече Вучевиќ.

Милош Вучевиќ, по повод подигнувањето на борбената готовност на војската на Србија поради ситуацијата на Косово, изјави дека по драматичните сцени на Косово и драстичното влошување на безбедносната состојба и директното продолжување на теророт на институциите од Приштина против српската заедница, пред сè Србите на север, претседателот на Републиката како врховен командант издаде наредба да се подигне нивото на борбена готовност на највисоко ниво.

„Тоа значи дека нешто пред 14 часот, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија издаде дополнителни наредби единиците на Вооружените сили на Србија да заземат одредени позиции кои беа дефинирани во согласност со нашите одбранбени, стратешки планови, а понатаму и со оперативно тактичко дејствување на вооружените сили на Србија, се со цел заштита на суверенитетот на Република Србија и нејзините граѓани“, рече Вучевиќ.