Турција со или без Ердоган – одлучуваат 64 милиони Турци

0
76

Неизвесноста се очекува да трае до пребројувањето на гласачките ливчиња, но атмосферата на изборниот ден и на двете страни е победничка..

Повеќе од 64 милиони имаат право на глас, 3,4 милиони од странство и над 5 милиони млади гласачи кои за првпат ќе гласаат на изборите – проценките се дека токму тие се клучниот фактор кој ќе одлучи за победникот. Излезноста како и во минатото е прилично висока.. На избирачките места пристигнаа двајцата кандидати кои се во тесна битка- Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киличдароглу.

Во изборната трка двајцата најсериозни конкуренти дадоа сосема различна понуда за граѓаните.. Дали ќе се продолжи ерата на Ердоган кој важи за претседател со огромни овластувања, или пак ќе се остварат плановите на опозицискиот противник кој ветува укинуавње на претседателскиот систем и подлабоки врски со западните земји.

Прогнозите се дека во првиот круг ќе биде тешко да се прогласи победник, бидејќи за избран се смета тој што ќе добие повеќе од 50 проценти од гласовите. Последните анкети му дадоа пет процентна предност на опозицискиот кандидат. Освен Ердоган и Киличдароглу, во трката за претседател е и Синан Оган, но анкетите за него предвидуваат незначителен процент на гласови.