Уапсен разбојник кој нападнал 20-годишник и му украл два мобилни телефони

0
61

Вчера во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Н.А.(24) од Скопје. Тој се сомничи дека на 07.05.2023 околу 21.00 часот на ул.„Божидар Аџија“ физички го нападнал И.Д.(20) од Скопје и му одзел два мобилни телефони.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.