Шведска е првата земја во светот која ќе добие електричен автопат

0
51

Шведска е првсата земја во светот која ќе добие електричен автопат, а до 2045 година би можела да има дури 3.000 км електрични сообраќајници. Со оглед на тоа дека Европската унија минатиот месец одлучи сите нови автомобили до 2035 година не смеат да емитуваат CO2, нејзините членки настојуваат да имаат инфраструктура за патување без фосилни горива.

Електричниот автопат ќе овозможи полнење на нивните батерии додека се движат по него. Експертите веруваат дека тоа ќе значи подолги патувања на возила со помал капацитет. Со тоа би требало да се оневозможи долгото чекање на станиците за полнење со струја.

Како што објави Euronews, Шведска во неколку проекти е пионер во електрификацијата на патишта, а меѓу тие проекти е и електричниот автопат, со кој треба да се поврзат логистичките точки меѓу градовите Халсберг и Оребро, кои се наоѓаат меѓу три големи града – Стокхолм, Гетеборг и Малме.

Првата вделница од авгтопатот треба да биде изградена до 2025 година, но уште не е одлучено како ќе се врши полнењето на возилката додека се движат по него. Постојат три можности: систем на мрежа, индуктивен систем и проводлив систем.

Системот на мрежа ќе може да полни само тешки возила. Индуктивниот систем подразбира под патот да се наоѓа посебна опрема со која се полни возилото. Проводливиот систем функционира како полнач за паметни телефони, но наместо полнач, на патот има подлога која оовозможув безжично полнење.