Шолц: Подготвен сум да разговарам со Путин кога ќе дојде време за тоа

0
32

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во петокот дека е подготвен да разговара за Украина со рускиот претседател Владимир Путин „кога ќе дојде време за тоа“.

„Помина долго време од нашиот последен телефонски разговор. Но, кога ќе дојде време, имам намера повторно да разговарам со Путин“, рече Шолц во интервјуто објавено од дневниот весник Koelner Stadt-Anzeiger.

Што се однесува до решавањето на конфликтот, „Русија мора да разбере дека не може да станува збор за замрзнување на некој вид ладен мир, според кој сегашната линија на фронтот би станала новата граница меѓу Русија и Украина. Ова само ќе му даде легитимитет на Путиновиот криминален потфат“, нагласи Шолц кој последен пат разговараше со Путин во декември.

„Напротив, мораме да постигнеме фер мир, а услов за тоа е повлекување на руските трупи од Украина, откако започна инвазијата во февруари 2022 година“, додаде тој.

Сепак, германскиот канцелар одбил да каже дали тоа повлекување треба да го опфати и Крим, кој е окупиран од 2014 година.