На северот на Мексико пронајдени 45 вреќи со остатоци од луѓе

Мексиканската полиција пронашла 45 вреќи со човечки остатоци на северот на земјата.

Во вреќите кои биле пронајдени во близина на градот Гвадалахара, имало останки од мажи и на жени, а полицијата се уште се обидува да утврди за колку луѓе станува збор.

Во Мексико се бараат повеќе од 110.000 исчезнати лица, а само државата Халиско, каде се наоѓа Гвадалахара, се трага по 15.000 лица. Покрај исчезнатите, илјадници тела се водат како неидентификувани.