Барањето за поскапа струја за 13% изгледа нема да помине

0
52

Откако ќе имаме барање од страна на ЕСМ ќе бидете известени навремено, но тоа ќе биде согласно интересите на граѓаните и на државата во целина и заштита на животниот стандард во нашата држава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Но, како што рече, од страна на ЕСМ уште не е доставена информација до Владата за таа да утврди цена со која ЕСМ ќе учествува во тендерот кој ќе биде објавен од страна на ЕВН Хоум.

Според него, најверојатно нема да се прифати барањето на енергетските компании за зголемување на цената за 13 отсто.