(ВИДЕО) Албанците излегоа на протест во Јужна Митровица

0
42

Aлбанци денеска излегоа на протест во Јужна Митровица и вееја знамиња на Голема Албанија.

Веднаш зад мостот на Ибар, денеска се собраа околу стотина граѓани. Причината, како што наведоа, е „поддршка на политиката на косовскиот премиер Албин Кути“, поради последните настани на северот на Косово, и инцидентите. Хеликоптер на КФОР лета над Митровица, и сѐ се одвива без проблеми. Повик за протест имало на социјалните мрежи. Курти ги отфрли барањата на американскиот амбасадор за решавање на конфликтот во северниот дел на Косово и спомена нови избори како можно решение. Лидерот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли, за „Косово онлајн“ изјави дека американските санкции не се добри за Косово, особено затоа што тие се традиционални партнери.

Извор Фокус