Возач удрил велосипедист и избегал

0
48

На 29.05.2023 во 16.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека претходниот ден околу 14.00 часот во тетовско Камењане, патничко возило удрило во велосипед што го управувал 61-годишниот Б.И. од ова село и го напуштило местото на несреќата.

Во несреќата, Б.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.