ПОА на Вранишковски се враќа во МПЦ-ОА

0
28

На денешната света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од Соборот на Српската православна црква (СПЦ) која се одржа во Св. Софија во Охрид, присуствуваше и основачот на ПОА, Јован Вранишковски.

Тој беше расчинет од МПЦ во 2002 година, а веднаш потоа беше формирана ПОА, која не беше призната во Македонија. Вранишковски беше осуден за ширење верска омраза и за проневера на пари од Поврдарската еперхија каде беше митрополит. Одлежа 5 години затвор, а сега се враќа во МПЦ како епископ и ќе му биде отстапен дел од Преспанско пелагониската епархија.