Украден печат од психијатриска клиника во Србија

0
40

Во една психијатриска амбуланта во Нови Пазар, Србија, се случил невообичаен грабеж, пренесоа локалните медиуми. Како што соопштија локалните власти, во амбулантата насилно влегле непознати сторители и го украле печатот. Веднаш штом е забележан инцидентот, аптеките се предупредени за можни злоупотреби со рецептите.

Докторот кој ја води амбулантата и чиј печат е украден се огласи на Фејсбук и порача аптеките да не ги примаат рецептите издадени со неговото име доколку не се напишани лично со негов ракопис и доколку забележат ваков рецепт, веднаш да пријават во полиција.