Бајден: Украина сè уште не е подготвена за влез во НАТО

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО, тврдејќи дека руската инвазија на таа земја мора да биде завршена пред членството.

Во интервјуто што го емитуваше Си-Ен-Ен на 9 јули, Бајден рече дека САД и нивните сојузници во Алијансата ќе продолжат да му обезбедуваат на Киев оружје што му е потребно за да се брани во војната со Русија.