Борците на руската приватна воена компанија „Вагнер“ го увежуваат белоруските војници, објави во петокот белоруското Министерство за одбрана, по информациите дека кампот подготвен за прифаќање на борците кои според договорот со Кремљ по еднондевниот бунт може да заминат слободно во Белорусија.
Министерството во Минск објави видео-снимка на којашто се глледа како војници со обележја на „Вагнер“ ги увежбуваат белоруските војници на воен полигон во близина на градот Осипович, околу 90 километри југоисточно од белоруската престолнина.
„Борците на ‘Вагнер’ се инструктори во неколку воени дисциплини“, објави белоруското Министерство за одбрана.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко посредуваше за договор за прекин на помалку од 24-часовниот бунт на „Вагнер“, кога групата упадна во штабот на Јужниот воен округ во пограничниот град Ростов на Дон и со конвој во тешко вооружување тргна кон Москва, соборувајќи неколку воени хеликоптери, убивајќи ги нивните пилоти.
По договор, водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин ги повлече своите платеници и се согласи да замине во Белорусија, а за возврат Русија се откажа од гонењето за бунтовниците. На неговите борци им беше понудено да одат во Белорусија, да се приклучат на редовната армија или да се вратат во цивилниот живот.