Доцна попладнево во затворот во Битола избувнал бунт на осуденици. Запалена е затворска келија, а во моментот делува противпожарен тим, известуваат извори.
Затворот во моментов е без струја, веројатно од безбедносни причини.
Засега не е познато што се причините за бунтот, засега не е познато. Нема, исто така, информација за евентуални повредени.
Изминатиот период сите извештаи на меѓународни институции укажуваа во континуитет за лошите затворски услови во државата.