Насилник од Турција претепал жител на Арачиново, го ранил со нож

0
38

39-годишен државјанин на Турција, заедно со уште неколкумина, нападнал жител на Арачиново, кого го избол со нож, соопшти полицијата.

„На 04.07.2023 во 17.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници го лишиле од слобода И.К.(39) од Р.Турција, поради тоа што физички го нападнал В.Р.(25) од с.Арачиново, скопско и со остар предмет го повредил. Исто така, пријавениот, заедно со уште три лица физички ги нападнале и Б.Б.(20), Ј.Б.(31) и М.Д.(41), сите од с.Батинци, скопско кои биле со В.Р.“, велат од МВР.

По целосното документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.