Драматична сцена се случи вечерва на сплавот „Лимон чили“ на кејот Земунски во Белград, кога еден дел од градбата пукна и вода почна да навлегува во зградата. Посетителите веднаш излегле надвор, што се верува дека го спречило потонувањето на сплавот.
– Сплавот пукна на едно место и почна да навлегува вода. Почувствувавме дека почна да тоне, па луѓето веднаш истрчаа надвор. Тоа го натера сплавот малку да се подигне – изјави за Блиц еден од посетителите.
За среќа, никој не е повреден.