Трагедија во Шуто Оризари. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денес во 05.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Шуто Оризари има починато бебе.
„Откако 32 годишниот татко Џ.Р забележал дека бебето не дише, повикал екипа од Итна медицинска помош која констатирала смрт без видливи траги на насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.