Пејачката и текстописец Коко Ли почина на 48-годишна возраст, откако овој викенд се обиде да си го одземе животот. Нејзините постари сестри Керол и Ненси Ли, преку социјалните мрежи обавија дека, Коко повеќе години се борела со депресија.
Странските медиуми пренесуваат дека нејзината состојба драстично се влошила во последните неколку месеци. Во текот на викендот, во својот дом пејачката се обидела да си го одземе животот, при што била пренесена во болница и завршила во кома.
Инаку, Коко, која е родена во Хонг Конг, на млада возраст се пресели во САД каде го продолжи своето образование. Имаше успешна кариера во Азија, како поп-пејачка во 1990-тите и 2000-тите, а беше позната по нејзиниот моќен глас. Нејзиниот албум „Коко Ли„ од 1996 година стана најпродаваниот албум таа година во Азија.