Вчера во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово во село Отља, липковско, ги лишиле од слобода О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, скопско, осомничени за фалсификување пари, информира МВР.
Како што соопштија од МВР, при контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра.
Двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.