Дефектот не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое практично ги држи другите 100 домаќинства во заложништво без снабдување со струја.
Според информации на терен, едно семејство од селото веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот.
“Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија.” велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата за да не страдаат невини граѓани поради одредени лица.
Из Канал5.