КАСАМИ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА ЗНАМЕ, ПОЛИЦИЈАТА РАБОТИ НА ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

Во Тетово знаме на голема Албанија на прослава која ја организираше локалната самоуправа.

Знамето се вееше над главите на Касами, неговиот гостин од Косово Албин Курти, како и челниците на албанската опозиција Изет Меѓити предводник на новата партија Демократско движење и претседателот на Алтернатива Африм Гаши.

Околу нив десетици албански и косовски знамиња.

Касами во телефонски разговор се огради од настанот. Вели дека тој организирал пречек кој ја означува соработката со Косово и дека нема информација за истакнување на знаме. Нѐ упати да се обратиме до надлежните институции.

Од СВР Тетово пак иформираа дека работаат на идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Околу вчерашниот инцидент пристигнаа бројни рекации од македонските политичари, кои прашаа за каков соживот и взаемно почитување зборуваме. Побараа институциите да постапат согласно овластувањата.