Вучиќ: Јасно е дека Курти не сака договор за Заедница на српски општини

0
87

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека на него уште од почеток „му било јасно“ дека премиерот на Косово, Албин Курти, не сака каков било договор според кој ќе мора да формира Заедница на општини со српско мнозинство, пред да се случи, како што Курти вели, неформално признавање на Косово од страна на Србија.

Вучиќ ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање додека ја презентирал воената опрема и дел од способностите на српската војска во Ниш.

„Јас сум и благодарен на Европската Унија што сепак јасно ставија до знаење кој е одговорен“, изјави Вучиќ.