Груевски:Јас толку работи можам да му одговорам на Николоски или на Христијан

0
136

Бегалецот во Будимпешта поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски имаше видео обраќање на порталот Инфомакс. Ова е прв пат поранешниот премиер да даде изјава по неговото бегство во 2018 година. Тој претходно се јавуваше со фејбук статуси преку кои му одговарше на актуелниот лидер Христијан Мицкоски за обвинувањата.

Како и во претходните преписки тој негираше дека направил оска против ВМРО-ДПМНЕ,демантираше дека имал било какви средби со претставници на власта и негираше дека имал влијание врз пратениците.Рече дека „смета оти партијата не треба да го менува ставот за уставните измени ,додаде и дека немал никаква комуникација со Мицкоски откако станал претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека се сретнале само два до три пати.

Поренешниот премиер им прати и пораки на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас можам за 15 минути да напишам писмо и да кажам ова е од Александар Николоски. Рече експремиерот во видео јавувањето за „Инфомакс“. Јас толку работи можам да му одговорам на Александар Николоски или на Христијан да не знаат што ги снашло, ама таа партија не е нивна, таа партија, барем јас кога бев имаше 181.000 и нешто членови. Се трудам да се воздржам за глупостите што поединци ги прават, како што знам, за да не направам штета, да не можат после со месеци да се отплеткаат“, заклучи Груевски.