И тепачка и веридба на концертот на Александра Пријовиќ во Ниш

0
284

Српската музичка ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа го одржа својот втор по ред концерт во Ниш, каде уште еднаш ја одушеви публиката во „Чаир“.

Публиката уживала во концертот на Прија, сè додека група момчиња не се степале во партерот и направиле целосен хаос. На крајот од концертот двете момчиња се степале, а по вербалниот конфликт настанала физичка пресметка во која учествувале неколкумина од нив.

Обезбедувањето веднаш реагирало и ги избркало, а на излезот биле приведени. За среќа, Александра нормално го одржала концертот до крајот, без никаков прекин.

Сепак, во текот на концертот на Пријовиќ, се случил и еден емотивен момент.

Едно момче, синоќа ја запросило својата девојка на концертот на популарната Прија, што ја одушевило пејачката, а таа го прекинала концертот.

– Честитки од сè срце. Прекрасно. Ви посакувам сè најдобро и се надевам дека уживате вечерва. Ве бакнувам, се надевам дека ќе ви донесам среќа – одушевено рекла Александра.

Нејзините зборови биле проследени со громогласен аплауз, по што Прија го продолжила концертот.