Левица се нестабилни личности кои би употребиле и атомска бомба, велат од ВМРО-ДПМНЕ

0
171

Добро е што Македонија нема атомска бомба инаку нестабилните личности од Левица би ја употребиле и фрлиле врз Собранието, реагира ВМРО-ДПМНЕ утрово по вчерашната собраниска седница каде двајцата пратеници на Левица предивикаа инцидент со кршење на монитори и друга собраниска опрема и фрлаќи ги амандманите кои беа одбиени. .Пратеничката Дафина Стојаноска утрово ијзави дека Димитар Апасиев не ја кажал вчера главната работа, а тоа е, како што рече, дека преговарал со претседателот на парламентот Талат Џафери.