Навивач со албанско знаме влегол во фан-зоната на Србија и предизвикал хаос (ВИДЕО)

0
153

Една од главните теми во последните часови од Германија пред вечерашниот натпревар на Србија и Англија се пресметките помеѓу англиските и албанските навивачи.

По пресметката во близина на центарот на Гелзенкирхен во еден од локалите, инцидент е забележан и во српската фан-зона.

Според објавите на српските медиуми еден навивач влегол во фан-зоната на Србија со албанско знаме и очекувано предизвикал реакција кај српските навивачи кои знамето го запалиле.