Катица Јанева вратена во Идризово, најдени неправилности во отпустот

0
87

Поради неправилности во условниот отпуст, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е вратена во затворот во Идризово, неофицијално дознава Сител од свои извори

Управата за извршување на санкции решила да провери дали Јанева го почитува условниот отпуст и приватна компанија.во која требало да работи не била отворена.

Изворот на „Сител“ вели дека по направената проверка, утврдено било дека канцеларијата каде што Јанева требало да биде ангажирана воопшто не работела по што таа била упатена на целосно издржување на казната.

До овој момент нема официјална потврда на оваа информација од Управата за извршување на санкции.

Инаку, во 2021 година шоуменот Борјан Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари, а Јанева на седум години за злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка.