АЛИ АХМЕТИ: Оваа држава е и наша, a aлбанскиот јазик не е непријател

0
114

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека Македонија е и нивна земја, а албанскиот јазик не е непријател.

„Оваа држава е и наша! Албанскиот јазик не е непријател на оваа држава и неговата употреба не треба да се повредува!“, изјави Ахмети, коментирајќи ја најавата на Уставниот суд дека ќе се разгледуваат некои членови од Законот за јазици, објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Вели дека повредувањето на албанскиот јазик во која било форма ќе биде повредување на идентитетот на Албанците. За балансерот, ги повика институциите да не ги враќаат процесите назад.