Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа втор ден со ред

0
66

На девизните пазари во раното прет пладневн тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми и со тоа се оддалечи од најниските нивоа во една година.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 100,87 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 100,30 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 143,55 на 144,55 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1135 долари, додека вчера истиот пресек изнесуваше 1,1190 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,33 отсто, на 73,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,42 отсто, на 69,40 долари.