Законот за бранителите за Таравари не е тема за разговор

0
65

Законот за бранителите наскоро нема да се најде пред пратениците. За владејачката Вреди, во чии раце е механизмот за одблокирање на законот, кој е заглавен во Собранието, сега не е момент да се разговара за вакви теми.

Деновиве и вицепремиерот Изет Меџити изјави дека, без закон за привилегии на припадниците на поранешната ОНА, нема да има ни Закон за бранителите.

Премиерот, пак, иако јавно изјавува дека бранителите ја имаат неговата поддршка, признава дека не разговарале на оваа тема со партнерите од Вреди.

Од Левица ги повикаа да го применат истото што и за заемот од Унгарија.

Законот за бранители, на предлог на пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, доби поддршка од пратениците да се носи по скратена постапка, но беше блокиран во комисијата.

Пратеничката од Алијанса, Илире Даути, не го стави на комисиска расправа, иако ја закажа седницата во законскиот рок, што му послужи како оправдување и на претседателот на Собранието, Африм Гаши, да не ја свикува седницата, како што го стори тоа со заемот од Унгарија.

И двајцата деновиве не одговараат на прашањата на новинарите, врз основа на кој член од деловникот го сторија тоа и кој ќе сноси одговорност за кршењето на деловникот?

Предлог-законот предвидува еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра во денарска противвредност да му се исплати на семејството на загинат припадник на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, а оваа одредба важи за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности во периодот од 1991 до 2024 година.

Извор Телма