Нападната српската амбасадорка во Шпанија

0
78

Нападната српската амбасадорка во Шпанија

Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ соопшти дека во Мадрид билa нападната српскaта амбасадорка во Шпанија.

На 8 септември тој повика на целосна истрага и гонење на сторителот.

„Најостро го осудувам подмолниот физички напад врз амбасадорката Ирена Сарач во центарот на Мадрид“, напиша шефот на српската дипломатија на мрежата Х.

Тој додава дека ваквите акти на насилство се неприфатливи и дека на нив „мора да се одговори со брза и решителна акција“, напиша Ѓуриќ.

Засега Министерството за надворешни работи на Србија (МНР) не соопштува повеќе детали за овој случај.