Влада: Првите 100 дена се заокружуваат со покачување на пензиите

0
52

Од денеска почна исплатата на септемвриската пензија со покачување од 2.500 денари. Од Владата посочуваат дека над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2.500 денари, а од март следната година следува уште едно покачување за 2.500 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од првите 100 дена од работата на Владата. Под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, премиерот ќе ги прикаже постигнувањата, проектите и мерките кои беа реализирани од новото раководство откако ја презеде извршната власт.