Вилма Рускоска, обвинителката за организиран криминал и корупција, денеска истакна дека обвинителството води неколку истраги за актуелни функционери, но не кажа имиња.
-Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да откријам повеќе бидејќи истите се тајни, рече Русковска, која додаде дека предметите се за економски криминал и корупција.
Рускоска ова го истакна на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата рпотив транснационалниот организиран криминал“, која се одржува во Јавното обвинителство.
Во рамки на посетата јавниот обвинител Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо потпишаа Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.