Жбогар: Поради изборите треба да се одложи пописот

0
96

На одбележувањето на Европскиот ден на статистиката, Жбогар сепак истакна дека очекува тој да се спроведе најдоцна до 2021 година. Очекува и законот за попис во земјава да се донесе час поскоро.

„Одложувањето се разбира е логично во овие околности. Пописот е процес во кој имаат корист сите граѓани и треба да биде ослободен од политичко влијание. Разбираме дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред. Се надеваме дека ќе има политичка волја за да се заврши оваа операција. Со нетрпение очекуваме да видиме како пописот се одвива веднаш штом сите услови ќе бидат исполнети, а најдоцна до 2021 година кога сите ЕУ држави ќе организираат ваков попис. Исто така нема никакви пречки за донесување релевантен закон во собранието што е можно побрзо“, вели Жбогар.