По две години сериозни економски политики и реформи граѓаните почнаа да ги чувствуваа придобивките, истакна премиерот Заев во обраќање до јавноста. Повисоките плати, намалените трошоци , зголемената помош за ранливите категории го подобрија животниот стандард, невработенста падна на историски најниско ниво од само 17, 4 проценти, пораснаа странските инвестиции- нови компнании донесоа одлуки да го шират бизнисот тука. Рече дека државата ќе продолжи да инвестира во подобрување на економијата и во човечкиот фактор за да се задржат младите тука.
На излагањето на Заев реагираа од опозицијата. Од ВМРО- ДПМНЕ обвинуваат дека македонската економија тоне, а странските инвестиции бележат сериозен пад.
Споредено со лани дирекните инвестиции бележат пад од 164 проценти или 187 милиони евра помалку. Годинава изнесуваат очајни 62 милиони евра. Приватниот сектор е пред колапс, стопанството годинава ќе оствари рекордно мали приходи што е дополнителен удар врз државната каса, се вели во реацијата од партијата.