Хаварија во Макстил – четворица повредени работници, еден потешко

0
112

Чекал надвор од кабината за да го смени колегата дигалкар кој бил во кабината, зошто смената му почнувала за 10-тина минути. При качувањето на казан полн со стопен челик тежок 60 тона, се скинала сајлата од казанот, и  врелиот метал се распрскал на сите страни. Најмногу настрадал токму дигалкарот кој не дочекал  да му почне смена за да се смести горе во кабината која требало да му ја отстапи колегата. Глетката била траорна –  опиша за „Телма“ трудовиот инспектор кој утринава бил на лице место во погонот на Макстил каде настана тешка хаварија со пожар, нешто пред 7 часот. Настрадаа четворица вработени, кои веднаш беа хоспитализирани. Тројца се пуштени на домашно лекување, еден е задржан на КАРИЛ, соопшти Министерството за здравство