ХРАБРИОТ ЈАНЕ ПОБАРА ПОГОЛЕМИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА НА САМИТОТ НА ОН

0
97

Јане Велковски како застапник за деца со попреченост од Македонија, зборуваше на глобалниот самит на УНИЦЕФ во Обединетита нации во Њујорк како дел од прославата за одбележување на Светскиот ден на детето, кој се совпаѓа со 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето.

Јане заедно со четири дечиња од разни краеви на светот учествуваше на панел-дискусијата со наслов „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права“.

Малиот Јане, голем фан на фудбалот, зборуваше за правата на децата и што треба да се преземе за да се заштитат и промовираат правата на децата од целиот свет. Зборуваше и за себе, својата љубов кон фудбалот и кон тимската игра…