Сојузничките шефови на држави и влади се собраа во Лондон за да ја одбележат 70-годишнината од основањето на НАТО.
Знамето на РС Македонија е на почесно место како нова членка на Алијансата, меѓу знамето на НАТО и на домаќинот Велика Британија.
Во 1949 година, Велика Британија беше една од дванаесетте основачки членки на НАТО, а Лондон беше дом на првото седиште на НАТО.
Лидерите на денешната средба ќе донесат одлуки за понатамошно зајакнување на Алијансата и продолжување на реформите.