Вучиќ: Сите „големи руски пријатели“ влегоа во НАТО, само не и „предавникот Вучиќ“

0
205

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Србија никогаш нема да и воведе санкции на Русија, иако е под притисок и, како што кажа, и понатаму ќе биде под притисок, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние сме на патот кон ЕУ, но, ќе ја зачуваме нашата позиција и нема да ги расипеме односите со Русија, кажа Вучиќ во интервју за руската агенција Тасс.

Тој посочи дека и Србија била под санкции и оцени дека тие не се најдобра политика.

-Србија плати висока цена. И тоа не доведе до добри резултати, кажа Вучиќ, кој додаде дека Србија ќе ја брани својата територија без членство во ниту една воена структура.

„Сакам да и го кажам тоа на целата руска јавност, дека веќе осум години слушам дека Вучиќ сака да ја вовлече Србија во НАТО, дека Вучиќ е предавник кој сака само да ја искористи можноста да го стори тоа … Се покажа дека сите ‘големи руски пријатели’ влегле во НАТО, само не и ‘предавникот Вучиќ’ “, изјави српскиот претседател.